Бон-тонот претставува сет од општествени правила за добро однесување. Понекогаш луѓето забораваат на пристојноста и љубезноста, па секогаш е добро да се потсетиме на манирите кои сите треба да ги имаат.

1.Никогаш не одете на гости ненајавени.

2.Кога сте излезени во ресторан или кафе бар, никогаш не го оставајте вашиот телефон на масата. Ова покажува дека телефонот игра голема улога во вашиот живот, дека ви е здодевно и дека не можете да дочекате да проверите што се случува онлајн.

3.Не поканувајте некого доколку планирате цела вечер да се допишувате со други.

4.Мажот никогаш не треба да ја носи ташната на жената.

5. Ако вашиот пријател сретне некого кого не го познавате, и вие треба да се поздравите.

6.Вашите чевли треба да се секогаш чисти.

7.Избегнувајте безначајни телефонски разговори.

8.Ако некој ве навреди, не возвраќајте на истиот начин. Само насмевнете се и заминете.

9. Мажот секогаш треба да оди од левата страна на жената.

10. Возачите треба внимаваат да не ги испрскаат пешаците доколку времето е дождливо.

11. Информациите околу возраста, приходите, семејните проблеми, религијата, здравствените проблеми, љубовните афери, подароците, честа и срамот треба секогаш да ги чувате за себе.

12.Мажот оди прв кога се упатувате кон своите седишта во кино или театар. Исто така треба да гледате надолу, а не директно во оние кои се веќе седнати.

13. Мажот никогаш не треба да допре жена без нејзина дозвола.

14. Ако чуете некој што довикнува “Еј ти!”, не треба да свртите.

15. Златното правило за парфемите е умереноста.

16.  Мажот треба секогаш да ги почитува жените.

17. Во присуство на жена, пред да запали цигара, мажот треба да ја праша жената дали ќе и пречи.

18. Без разлика дали сте директор, академик, возрасна жена или студент, кога влегувате некаде треба да ги поздравите присутните.

19. Родителите не треба да ги читаат писмата и приватните разговори на нивните деца. Истото важи за паровите, секој треба да ја почитува туѓата приватност.

20.  Не ги следете трендовите по секоја цена. Доколку нешто не ви прилега, не го купувајте само поради тоа што е во тренд.

21. Избегнувајте гласно зборување и зјапање во луѓе.

22. Не заборавајте да им се заблагодарите на пријателите и семејството. Тие не ви помагаат бидејќи мораат, туку бидејќи сакаат. Ценете ги.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...