Унијата на медицински сестри, техничари и акушерки  се незадоволни од најавеното зголемување на платите за 10%. Велат дека се чувствуваат дискриминирани поради тоа што лекарите и специјалистите добија повисок процент на зголемување на платата,а работата им е заедничка. Сметаат дека поделбата на буџетот треба да се направил на линеарен начин, со рамноправен процент за сите вработени во Здравството. Болничарите се заканија со непослушност на работното место доколку не се подобри процентот од 10 на 15.

Џеват Салиху, претседател на Здружението на болничари Албанци

„Бараме платите да се поделат на линеарен начин, 15% за сите исто, со цел сите да бидат задоволни и да не се појави незадоволство. За ова што е постигнато сега, односно што треба да се постигне, ние изразуваме  незадоволство во името на сите членови, болничари Албанци, за ова да се направи на линеарен начин и незадоволството да биде сведено на нула“.

Минатата година болничарите добија зголемување на платата за 5% а им беше ветено и друго зголемување за 3% кое се уште не го добиле, а им било ветено дека ќе го добиваат од ноември. Од февруари нивната плата ќе се зголеми за уште 10%. Од Министерството за здравство велат дека зголемувањето на платите на болничарите е најголемо што се случило досега, додавајќи дека за прв пат има зголемување на платите и за болничарите. Vjollca Aliti   

Loading...

Shpërndaj me

Loading...