Народната банка нема да се меша во политиките на Владата во делот на даночната политика, но Гувернерот Димитар Богов смета дека има простор за подобрување на наплатата на даноци. Тој вели дека монетарната политика ќе се прилагодува на фискалната којашто ја спроведува Владата.

Може да сугерираме само дека во земјите од регионот иако сивата економија е прилично висока постои голем дел од економските активности кои не се оданочени има простор да се подобрат јавните финансии преку зафаќање од оние кои досега не плаќале данок“, рече Димитар Богов, Гувернер на Народна банка.

Експертите и монетарните власти од Европа и светот коишто беа на Седмата годишна конференција на Народната банка денеска во Охрид, порачаа дека нова криза ја демнее светската економија како резултат на трговската војна меѓу САД и Кина.

Во последната година растот е поголем од очекуваното, а тоа е зошто глобалната трговија почна да се засилува. Но, ако глобалната економија поради трговската војна почне силно да се забавува тогаш овие позитивни изгледи за забрзано заздравување ќе се намалат“, рече Бас Бејкер, регионална канцеларија на ММФ за ЦИЕ.

Според монетарците, мерките коишто беа преземени на европско и светско ниво во изминатите десетина години дале резултати, односно го забрзале растот на економиите.

Александра Спасевска

Shpërndaj me