Едно лице со тешки телесни повреди е пренесено на клиничкиот центар во Тетово откако врз возилото со кое управувал изгубил контрола и излетал од автопатот Скопје-Тетово.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 12.09.2019 во 19.40 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај с.Добарце, патничко возило „БМВ“, управувано од А.М.(42) од Скопје, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...