Социјалната мрежа „Фејсбук“ од денеска повторно е во функција откако скоро 14 часа поголем дел од апликациите не им беа достапни на корисниците ширум светот.

Проблемот со апликациите на Фејсбук почнаа вчера околу 16 часот. Корисниците можеа да ги читаат содржините, но не и да објавуваат нови, додека на Инстаграм, немаше можност ниту за читање ниту за објавување постови. Платформата „Фејсбук месенџер“ не можеше да се отвори преку компјутер, но апликацијата делумно работеше ако ѝ се пристапеше преку телефон.

Јавноста сè уште е во исчекување првите луѓе на компанијата да излезат со официјално соопштение околу причините за крахот на системот, пренесува Би-Би-Си.

Сличен проблем компанијата имаше во 2008 година, кога мрежата имаше 150 милиони корисници, за разлика од денес, кога вкупниот број корисници на фејсбук се движи околу 2,3 милијарди.

Shpërndaj me