Во Битола, градот каде што е создадена албанската азбука, се чини таа азбука не важи за гимназијата во град. Само неколку метри под Музејот на албанската азбука, односно на Битолскиот Конгрес, се наоѓа гимназијата Јосип Броз Тито. За да нè разберат некои од учениците, моравме да им поставиме прашања на македонски јазик, за потоа да ни кажат неколку зборови на албански.

Имате проблеми да зборувате албански јазик? Да. Не зборувате дома на албански јазик? Не, зборуваме турски јазик. Би сакале ли да учите на албански јазик? Да. Од која причина не учите? Не знам, изјави  Мајлинда Синани, ученик на втора година.

Албански јазик? Не знам, не. Зошто не учите на албански јазик? Тука нема училишта за албански јазик поради тоа. Дали го гледате тоа како пречка? Не, но на македонски јазик сметам дека е многу тешко, затоа што 9 години учев на албански, а кога дојдов овде многу ми беше потешко, рече Мерита Шефкиу, ученик на втора година

Јас немам проблем да зборувам албански, но не сум учела на албански јазик, затоа ми е потешко да зборувам албански јазик. Но, знам повеќе македонски јазик бидејќи пораснав зборувајќи македонски. Како учевте во основно училиште? Учев на македонски јазик и во основно училиште, рече Ардијана Илјазова, ученик на четврта година.

Од управата на училиштето велат дека од 750 ученици, има малку Албанци и оти не се заинтересирани да учат на својот мајчин јазик. Иако во Уставот, наставата по мајчин јазик е задолжителна и во основните и во средните училишта, в.д. директорката Тања Наумовска влеи дека овие ученици живеат во Македонија и треба да учат на македонски.

 Ветеранот на образованието, Рамиз Аслани, вели дека и тој самиот учел на македонски кога бил во гимназија.

 „Тоа е голем хендикеп! На пример, во Ресен се отвори гимназија и се учи на албански јазик, но не и во Битола. Желбата на децата е каде ќе учат и каква професија ќе изберат. Бидејќи миграцијата ги прави сите поделби, особено миграцијата во 1953 година во Турција, а сега и оваа младинска миграција во Европа”-изјави Рамиз Аслани, наставник во пензија.

Од општина Битола велат дека секоја година се објавува конкурс за примање на ученици и на албански јазик. Од двете основни училишта каде има настава на албански, велат дека нивните ученици, освен во гимназијата, одат и во економското, техничкото и медицинското училиште. Намалувањето на бројот на ученици од година во година, според нив, се забележува кај сите заедници во Битола.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...