Почесните конзули му испратија серија критики на вицепремиерот Кочо Анѓушев за економијата во земјава. Огромни бирократски процедури, тешкотии во водењето бизнис, визни бариери, се само дел од забелешките. Дипломатскиот кор отворено му посочи на Анѓушев дека потребни се подобри услови за водење бизнис. Дел од конзулите го пофалија Анѓушев за Законот за финансиска поддршка на компаниите.

„Што се однесува на инвестициите, се соочуваме со многу тешкотии, се надевам ќе имам време да ве посетам во вашата канцеларија, не сакам да ви одземам време сега бидејќи ќе ни требаат минимум 15 минути, значи ако може да закажеме средба во канцеларија, би го ценел тоа“.

Диполоматскиот претставник на Израел посочи дека им е потребна авио врска на релација Скопје – Тел Авив. Тој посочи дека Скопје е можеби единствениот град со кој Израел не е авионски поврзан.

„Денеска видовме, има на мапа, доаѓаат многу Израелци тука, можат да го удвојат бројот на гости. И за мене туризмот е инвестиција како држава, бидејќи донесува странски пари, а Израелците трошат многу пари.“

Вицепремиерот Кочо Анѓушев пред дипломатите се обиде да објасни колку во Македонија е добро да се инвестира, кои се бенефитите кои ги дава државата и како Владата ги подобрува условите за работење.

„Луѓето пред се треба да дојдат, бидејќи мислам дека тие не знаат каде е нашата држава, не знаат ништо за нејзе и како вие сега сакате да натерате некој да инвестира во оваа држава прво треба да дојде и да види каде е. Тоа може преку туризам и да раскаже каде бил, и да каже дека ова е една нормална држава во која нормално се живее и дека може нормално да се инвестира“, изјави Kочо Aнѓушев вицепремиер за економија.

Средбата помеѓу владата и почесните конзули според властите има за цел развивање на економската дипломатија и подобра промоција на земјава како потенцијално место за инвестиции.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...