Стагнацијата на македонската економија е очекувана, а тоа не е само поради политичката криза, туку е и поради слабата конкурентност на стопанството. Бизнисмените велат дека за остварување на поголем раст на економијата влијание имаат и други фактори како што се инвестиците во инфратруктурата, пристапот до финансии, освојувањето нови пазари.

„Треба да направат планови покрај коридорите, покрај инфраструктурата, покрај новите технолошки паркови, најавените инвестиции, дека ќе треба да оформат начини на кој ќе може приватниот сектор да инвестира. Економскиот раст ен зависи само од субвинионирање, не ја гледаме логиката зошто треба да се субвенционира нешто кога нема потреба“, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација.

Бизнисот алармира дека за да се натераат домашните и странските компании да инвестираат не се доволни ветувањата дека ќе се стабилизира политичката криза, туку реална стабилност на долг рок.

„Не може цело време да ја најавуваме политичката стабилност, а цело време да ја чуствуваме политичката криза. Парите и инвеститорите чекаат на добра клима, не чекаат дека ќе бидат добро, туку сакаат да биде добро за да ги остварат своите инвестиции. Никој не сака да инвестира сериозни инвестициски и финасиски проекти додека види одржливоста на таа инвестиција поврзана со политиката и политичката срабилност на долг рок не се поврзани“, додава Бошков.

Податоците на Бизнис конфередацијата покажуваат дека за пет години само 330 компании во Македонија имале раст од 5%,што е поразителен податок.

Од Владата и покрај ваквите резултати сметаат дека растот на вработеноста и на индустриското производство влеваат доверба дека економијата ќе се подобри.

Статистика објави дека македонската економија лани стагнирала, а најголем пад е забележан кај градежништвото. Владините проекции за гoдинава се раст на БДП од 3,2%.

Александра Спасевска

Shpërndaj me