Тешко ќе се остварат плановите и инвестициите на компаниите ако дојде до нова политичка криза. Немањето на цензус во вториот круг на претседателските избори, а со тоа и неизбор на претседател на државата може доведе до политичка нестабилност. Бизнисмените велат дека ваквото сценарио ќе донесе неизвесност во економското окружување. Според нив, секои избори значат грч за бизнисот.

„Кога се работи за претседателските избори, ако немаме цензус за претседател на државата тогаш ќе имаме неповолна ситуација во однос на бизнисот имајќи во предвид дека имаме голем грч на нефункционирање на институциите, потоа грч на нереализирање на странските инвестиции, односно и овде имаме нереализирање на плановите на компаниите“, изјави Неби Хоџа, Комора на Северозападна Македонија.

Според експертите немањето на цензус не значи почеток на политичка криза. Велат дека не е прв пат земјата да не избере претседател на избори. Спикерот на Собранието има должност во рок од 40 дена да распише нови избори.

„Не мислам дека сме на прагот на криза со неизбор на претседател. Ако од неизбор на претседател произлезат и други политички консеквенци, освен повторен избор, некакви прегрупирања, некакви дисторзии на мнозинството, тогаш е можно да влеземе на некој праг на криза“, рече Никола Поповски, експерт.

„Ние скоро бевме во рецесија во година кога немаше избори. Не се само изборите причина за овој како да кажам летаргичен развој на економските параметри кај нас“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, пр- експерт.

Сепак, велат дека ако се успешни изборите и ако се избере претседател на 5 мај, тоа секако ќе влијае позитивно врз бизнисот, пред се поради фактот што камањата ќе заврши и ќе продолжат со реализација на плановите кои скоро два месеци од распишувањето на изборите беа на почек.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...