Од ИПАРД 2 програмата за две години исплатени се 1,9 милиони евра за 180 реализирани проекти. Во Платежната агенција стигнати се 794 барања за исплата на 12,5 милиони евра. Инаку, до сега вкупно се потпишани договори за 950 проекти односно не се доставени барања за исплата на 156 договори во вредност од околу девет милиони евра. Според Платежната агенција, драстично е забрзана постапката за аплицирање од страна на земјоделците и земјоделските копмании, но и за обработка на барањата за користење на европски пари.

„За инвеститорите овој период е многу значаен, колку е пократок период на обработка и на добивање на договори, толку побрзо тие можат да влезат во инвестиција и да ги испочитуваат оние понуди и цени кои што ги добиел од понудувачите на опрамата“, рече Николче Бабовски, директор на Платежна агенција.

Од мерката за инвестиции во средства за преработка на земјоделски и рибни производи кој беше објавен на крајот на минатата година стигнати се 65 апликации со кои се побаруваат 15,4 милиони евра, а  денеска беа потпишани договори со три компании во вкупна вредност на инвестициите од 315 илјади евра. Инвестициите се однесуваат за опрема за сушење овошје и зеленчук, во нова линија за свежи цедени сокови, како и во опрема за преработка на млеко и млечни производи.

„Мене ќе ми треба три месеци. Ние имаме сега опрема за бактеро – фуга,  што значи во млекарата имавме проблем со стандардите на Европска Унија. Они ти кажуваат суровото млеко треба да има бактерии на пример 150 илјади, а нашата ситуација во Македонија, бактерии имаме многу и сега јас сум принуден да набавам таква машина, што чини 100 илјади за намалување на бактериите“, рече Сервет Ќазими од „Сентис“.

„Ние со машините кои што ги имаме работиме со полн капацитет. Извезуваме во Косово и Албанија и не можеме со таа опрема да одиме со поголема понуда на пазарот во странство затоа што капацитетот ни е исполнет и немаме простор, затоа аплицираме за поголем капацитет на машини за суво овошје“, изјави Омер Фејзулаи од „Баконутс“.

Тројцата инвеститори од Тетово, Неготино и Визбегово кои денеска потпишаа договори кажаа дека наместо година и пол колку што се чекало до сега за одобрување на проектите, постапката е скратена и трае два месеца од завршување на повикот.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...