Политичката стабилизиција по решавањето на спорот со Грција како и најавите на Владата дека се решени проблематичните инфраструктурни проекти се главната причина зошто бизнис заедницата смета дека e можно да се оствари проекцијата за раст на економијата над 3 проценти годинава.

Статистика објави дека во последниот квартал лани, економијата пораснала за 3,7 проценти. Тоа придонесе 2018-та да заврши со раст од 2,7%. Овој резултат е близу до намалените проекции со ребалансот на буџетот, бидејќи Владата првично проектираше раст од 3,2%, но потоа го ревидира на 2,8%. Бизнисмените се оптимисти дека ваквиот тренд ќе продолжи

„Се гледа некој позитивен тренд на економско раздвижување во земјата. Се надеваме дека позитивниот импулс кој го донесе решавањето на спорот со Грција ќе влијае врз економскиот раст на државата. Исто така, се надеваме дека тоа што Владата вели дека проблематичните инфраструктурни проблеми се решени, дополнително ќе влијае за позитивен раст. Мора да бидеме оптимисти“, рече Дрилон Исеини, Стопанска комора на Северозападна Македонија.

За годинава Владата планира раст на економијата од 3,2 проценти, проекција која ја темелат на забрзување на капиталните инвестиции, иако податоците од првиот квартал покажуваат слаб старт на ова поле. Во јануари се реализирани само 1% од предвидените сума од 420 милиони евра наменети за капитални проекти за целата година.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...