Јулија Шарко ја изнесувала својата двегодишна ќерка преку прозорецот на автомобилот, кога девојчето случајно притиснало на копчето за затворање на прозорот.

Тој почнал да се затвора и да го притиска вратот на Јулија, оставајќи ја без воздух.

Набрзо нејзиниот сопруг, Артур, ја нашол онесвестена, додека ќерката плачела во автомобилот. Веднаш го скршил прозорецот и ја однел во болница. За жал, осум дена подоцна, починала.

„Поради нагмечување на крвните садови мозокот ѝ бил неповратно оштетен“, се наведува во лекарскиот извештај.

Полицискиот инспектор, Димитриј Иванјук изјавил дека несреќата се случила додека Јулија била во посета на нејзини пријатели.

„Младата жена била во посета на пријателите, со своето семејство, во близина на местото Старое Село. Сопругот ја нашол без свест на 31 август, околу 16:30 часот по локално време, а вратот ѝ бил притиснат од прозорецот на автомобилот“; објаснил тој.


Парот има две деца. Истрагата за овој необичен случај е во тек.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...