Врските помеѓу татковците и ќерките имаат некаква посебна моќ. Секоја ќерка посакува да биде татина принцеза… Ќерката во таткото може да го види херојот, примерот за тоа како треба да изгледа и да се однесува еден човек. Затоа…

Сакајте ја и почитувајте ја нејзината мајка. Не се срамете да покажете емоции.

Секогаш бидете покрај неа и активно учествувајте во секоја етапа од животот на вашата ќерка.

Да, ќе изгледате смешно додека си играте криенка со неа. Но, тоа е неопходно за нејзината среќа.

Понесете ја со вас кога одите на риболов иако тоа е машка работа.

Кажувајте и дека е прекрасна, секој ден. Кога ќе порасне нема да се споредува со девојките од насловните страни кои се фотошопирани.

Носете ја на рамена додека таа е уште малечка, а вам грбот силен. Еден ден ќе ви недостига тоа.

Таа ќе ве очекува да се вратите од на работа. Немојте да задоцните.

Ако има кошмари и не може да заспие, останете будни и вие, покрај неа.

Таа ќе се расправа со нејзината мајка и тоа е нормално. Вие внимателно бирајте на чија страна ќе застанете.

Дозволете и да истражува, да патува, да учи нови нешта.

Купете и го кучето кое го сака. И фустанот. Еден ден и таа ќе биде родител и не треба да биде себична.

Никогаш не и го заборавајте роденденот и секогаш одржувајте ги ветувањата.

Сладоледот е магија и решава многу проблеми. Запомнете го нејзиниот омилен вкус.

Верувајте и! Дајте и слобода да ги направи оние нешта кои ги сака.

И кажете и дека каде и да оди секогаш може да се врати дома.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...