И покрај негирањата на премиерот Заев, градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, во телефонски разговор за Алсат, останува на тоа што го кажа пред неколку дена. Беџети не сакаше да ја коментира изјавата на Заев, но рече дека ќе се произнесе кога ќе има нов момент. Од друга страна, Антикорупциската комисија е во завршна фаза на подготовка на иницијативата за кривично гонење на Блерим Беџети, која ќе биде доставена до Јавното обвинителство следната недела. Претседателката на антикорупциска Билјана Ивановска вели дека не дејствувала под притисок и предмеот не е инициран во знак на одмазда. Според неа, случајот е отворен во март месец, а не на 17 јули, како што вели Беџети.

ДКСК побара градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети да биде кривично гонет бидејќи наместо да го одбие, го ставил во фиока барањето за легализација на нелегалните платформи во Матка. Според Антикорупциската комисија, нелегалните платформи не подлежат на легализација. Незадоволен од констатацијата на антикорупциска, Беџети најави тужба против членовите на комисијата, оценувајќи дека одлуката е донесена на непрофесионален начин и како одмазда од страна на премиерот.

Беџети вели дека Заев го повикал и побарал од него да влијае врз некои членови на судскиот совет за да разрешат претседател на еден суд. Премиерот призна дека разговарал со Беџети, но само се прашувал дали некој од членовите на судскиот совет го штити претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Бесијан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...