За интеграцијата во НАТО коментираа и од Алијансата за Албанците. Оттаму нагласуваат дека со членството во Алијансата граѓаните ќе се чувствуват побезбедно, но од партијата најавувата дека ќе приложат свои забелешки за договорот со Грција. За нив, нерешен е делот за идентитетот на Албанците и албанскиот јазик, што според него, не ги исполнува очекувањата на Албанците во Македонија.

„Алијансата за Албанците го поздравува доделувањето на поканата за членство на Македонија во НАТО. Ова претставува исполнување на барањата на граѓаните да бидат поблиску до европските вредности. Во однос на елементите од договорот, дополнително партиските органи ќе приложат забелешки кои се однесуваат на идентитетот и на албанскиот јазик кои во овој случај не се согласно очекувањата на албанската заедница во Македонија“, изјави Флакрон Беџети, портпарол на Алијансата за албанците.

Shpërndaj me