ДУИ и партијата Алтернатива во текот на денот застнаа зад ставот на премиерот Заев. Имено и тие велат дека пред да се оди на евентуални предвремени избори, првин треба да заврши процесот за зачленување во НАТО и целосно да се имплементира договорот од Преспа. Албанската опозиција пак, оценува дека Заев и Мицковски не можат да одлучуваат во име на Албанците и оти една заедничката партиска средба би отворила можност за консензус.

„Ние ја поставуваме дилемата за тоа кој може да ги претставува граѓаните Албанци на таа средба, да зборува во нивно име за парламентарните избори. Или да претпоставиме, ако се дискутира и за прашањето за пописот, може да има различни заклучоци. Затворената средба не му помага на политичкиот процес. Во текот на целиот овој процес изненадува и молкот на албанскиот политички фактор ДУИ, која отсекогаш била потчинета кон политичките процеси- рече  Флакрон Беџети, Алијанса за Албанците.

„Ние сме единствената партија која од референдумот до ден денес постојано повторува дека државата минува низ една криза и оти мора да се одржат предвремени избори за да се кристализира политичката сцена, односно во албанскиот политички кампус, за да можат новите политички сили да дојдат и да ја сносат одговорноста- рече Арјанит Хоџа, Движење БЕСА.

Мефаил Исмаили 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...