Во вечерашната емисија Патот кон на Алсат, функционерот на ДУИ, Невзат Бејта, упати обвинувања до Ремзи Мемеди од Алијансата за Албанците, но за времето кога Владата ја сочинуваа ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Но, потоа дошла ДУИ и Ахмети и – како што рече Бејта – пишувале историја.

„Гледате тука, имаме едно парче месо, се вика срце. Вие се обидувате заедно да ги држите и верувањето и негирањето и вистината и лагата и предавството и верноста. Држете се за едното. ДУИ се држи за верноста, вистината и вербата. Вие во 2006-2008 година дојдовте и го уништивте албанското општество. Во периодот 2006-2008 го уништивте Охридскиот договор и процесите на Албанците ги вративте многу назад. Дојде ДУИ пак ги стави во колосек и денеска ги имаме  ние сме направиле нова историја под водството на ДУИ на чело со нашиот лидер Али Ахмети“,  рече Бејта во вечерашната емисија Патот кон на Алсат.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...