Дали пропаѓа трипартиската коалиција меѓу Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива? Партијата на Билал Касами бара од Алијансата, како водач на процесот, да се изјасни дали ќе се прави коалиција или не. Според Беса, јавноста треба да ја знае вистината зошто досега нема епилог од обидот за обединување на опозицискиот блок.

„За жал, дојдовме до точка кога се појавуваат сомнежи дека се користи нашата искреност, коректност и транспарентност. Денес јавно бараме Алијансата за Албанците да ù одговори на јавноста што се случи со трипартитната соработка? Дали е овој процес успешен или не? Ние и целата јавност треба да ја знаеме вистината и Алијансата која е иницијатор на овој процес, треба да даде одговор.“-изјави Арјанит Хоџа, Движење Беса .

Од Алијансата возвраќаат – коалиција ќе има, а преговорите ќе се интензивираат. Но, оттаму не наведуваат дали сметаат на коалиција од две или од трите партии.

„Имајќи го предвид принципот дека заедно сме посилни, Алијансата за Албанците до последниот момент прави напори да се прилагоди на коалицијата за победа. Несомнено, ќе има коалиција којашто ќе ја донесе посакуваната промена…“-ијавиа од  Алијанса за Албанците.

Третиот субјект вклучен во трипартитните преговори за коалиција, Алтернатива на Африм Гаши, сè уште нема цврст став. Единствено се спремни за продолжување на преговорите и тврдат дека тие не се субјектот кој сака некого да исклучат или да вклучат во процесот.

Адријан Керими                     

Loading...

Shpërndaj me

Loading...