Косовскиот извештај со потребната документација за здравственатa состојба на материјалот за порибување и икрите пристигна до агенцијата за храна. И покрај бариерите кои веќе две недели стојат помеѓу двете држави, македонската економија нема да има никаква штета по забраната за увоз на компири и мед од замјава во Косово, бидејќи овие два производи веќе имаат дозвола за извоз на европскиот пазар.

„Штетите за македонската економија речиси се нула, имајќи во предвид дека нашите производи можат да се извезуваат и на други пазари, посебно медот. Во рок од еден месец ние веќе ги исполнивме сите услови и компирите да се извезуваат на европските пазари, за нас штетата би била нула имајќи во предвид дека нивните бариери се ставени пред неколку недели, а над 70 проценти од извозот веќе сме го реализирале во Косово“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Министерот за трговија и индустрија на Косово, Едрит Шала преку писмо го извести својот колега Крешник Бектеши дека потребната документација е испратена како доказ дека се исполнети условите за увоз на икра и материјал за порибување. Сепак по добиениот извештај агенцијата во текот на следната недела ќе направи увид и ќе изврши контрола на терен. Доколку се утврди дека нема никакви недоследности според законската регулатива, ќе се тргне забраната за узвоз на икра и материјал за порибување од Косово.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...