Министерот за економија Крешник Бектеши се обрати на регионалниот Самит за туризам „Туризам за солидарност и одржливост“, кој е во организација на Министерството за туризам и животна средина на Албанија и на Светската туристичка организација на Обединетите нации.

Главна тема на самитот што се одржува во Тирана, како што соопштуваат од Министерството за економија, е да се даде поодршка за обновата на подрачјата погодени од минатогодишниот земјотрес што ја зафати Албанија, а исто така да се даде и поддршка на туризмот во оваа земја.

Министерот во своето обраќање истакнал дека е почестен што денеска е присутен на овој Регионален Самит, бидејќи Република Албанија не е само наша соседна земја, туку е и пријателска земја и стратешки партнер на Северна Македонија.

– На 26 ноември и Албанија се соочи со голем разорен земјотрес што направи не само голема материјална штета, туку и загуба на човечки животи. Нашата држава е држава на солидарност. Скопјани уште живо се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Тогаш клучна беше помошта која стигна од сите страни од светот и од сите нации од светот и го изградивме повторно главниот град, потенцираше Бектеши.

Министерот Бектеши подвлече дека сега следува период на обнова во Албанија за која допрва ќе биде потребна голема помош и поддршка не само од регинот, туку и од целиот свет.

– Сакам да го искористам овој Самит и овој денешен настан да ги повикам сите земји во светот да помогнат во обнова на подрачјата кои беа погодени од разорниот земјотрес во Албанија. Исто како што пред пред скоро 60 години помогнаа да се изгради повторно Скопје. Северна Македонија ќе продолжи со сите можни средства да и стои на располагање на Република Албанија со цел да ја преброди катастрофата што и се случи, истакнал Бектеши.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...