По минатонеделните протести на увозниците на поволни моторни возила и барањато за повлекување на новиот данок и враќање на старото законско решение, министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека одлуката ја донеле врз база на анализата која што покажува дека еколошката категорија на возилата, ќе ги намали трошоците на увоз. Новиот данок кој стапи на сила од почетокот на годинава, се пресметуа врз база на емисијата на јаглерод диоксид и според властите е една од мерките за борба против загадувањето на амбиоенталниот воздух.

“Кога ние решивме да одиме со мерката на Законот за мотнорни возила и правилникот што ги уредува давачките за увод на поволни возила, нашите анализи покажаа дека еколошката категорија во возилата ќе ги намали трошоците за увоз. Тие детални анализи ги има Царинската управа, министерствата за економија и финансии. Согласно тие анализи ние ја донесовме таа одлука. Претходно имаше и други варијанти и опции. Ние како Министерство за економија се откажавме од варијантата да субвенционираме старо возило со купување на ново возило за да покриеме што поголем број на граѓани кои ќе бидат заинтересирани за да увезуваат нови возила, но и стари возила кои ги исполнуваат еколошката категорија на ЕУРО 5“, изјави Крешник Бектеши – министер за економија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...