Туристичките агенции ќе бидат обврзани да издадат ваучери за да може да ги обесштетат клиентите чии патувања се откажани заради пандемијата со коронавирусот, рече на денешната прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што кажа тој, лицата кои уплатиле одредена сума на пари нема да ги изгубат уплатените средства, туку ќе добијат ваучер во висина на уплатата што ќе може да го искористат за друго патување.

„Во случај некоја агенција да затвори и да прекине со вршење на дејноста, ќе мора парите во целост да им ги врати на клиентите“, рече Бектеши.

За оние агенции што нема да ги следат упатствата, следуваат казни, рече министерот Бектеши.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...