Британскиот фудбалер Дејвид Бекам призна дека тројцата синови му го скршиле срцето бидејќи ниеден од нив не сака да се занимава со фудбал.

Бруклин, Ромео и Круз како деца тренираа фудбал во фудбалското училиште на Арсенал, но штом пораснаа сфатија дека не ги интересираат копачките и топката.

Сепак, Бекам се радува што неговата ќерка Харпер обожава фудбал и секоја недела игра по еден натпревар.

“Харпер има смисла за добра игра и сака да игра, но тројцата синови не. Тешко ми паѓа тоа, ми го скршија срцето”, вели Бекам.

 

 

Shpërndaj me