Дистрибутерот на централното греење БЕГ ја обжали последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за намалување на цената на парно греење за 15%. Претседателот на комисијата, Марко Бислимовски вели дека ова е единствен случај во светот каде се бара снабдување по висока цена на производство од нивните амортизирани топлани, иако цената на енергијата која ќе ја купат од сестринската фирма ТЕ – ТО е пониска. Тој вели дека компанијата ТЕ – ТО го зголемило тројно производството на топлинска енергија и ја намалил цената на трошоците, но БЕГ не сака ни да слушне за тоа и бара да не се намали цената на централното греење за граѓаните.

Според анализите на РКЕ, во текот на летото, компанијата ТЕ – ТО  произведува електрична енергија, но не реализира приходи за топлинска енергија, бидејќи нема каде да го пласира производот. Бислимовски вели дека во текот на зимата истата компанија произведува електрична и топлинска енергија, но повторно се жали дека има загуби и дека наводно е оштетена од одлуката на Комисијата.

За новата грејна сезона која почнува на 15 октомври, со владина одлука, мрежата за пренос на топлинска енергија се очекува да ја преземе Градот Скопје. За ова, Град Скопје со капитал од 250 илјада евра го основаше претпријатието ГЕС, кое ќе дава лиценци за производство на топлинска енергија. Но, од БЕГ велат дека нивната актуелна лиценца за распределба и производство на топлинската енергија важи до 2047 година. Во реакцијата на БЕГ оценуваат дека одлуката на Регулаторот за намалување на цената за 15% на трошоците на нерегуларните производители на топлинската енергија споредено со редовните производители се коси со членот 156, точка 4 од Законот за енергетика.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...