Компанијата за производство и дистрибуција на топлинска енергија низ Скопје, денеска ги демантираше вчерашните тврдења дека ги одбива сите барања од граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење и доставуваат претставки до компанијата повеќе да не им стигнуваат сметки на домашна адреса. Од БЕГ велат дека се примени сите документи на граѓаните кои што ги исполнуваат условите согласно правилникот.

„Во согласност со новите Правила за Снабдување со топлинска енергија, почнувајќи од 1 април 2019, исклучените потрошувачи во наплатните центри на Снабдување со топлина Балкан Енерџи, го остваруваат правото да добијат статус на исклучен потрошувач кој нема да има обврска за плаќање на месечен надоместок за ангажирана топлинска моќност“, наведуваат од компанијата.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...