Пронајдена е мајката на бебето кое завчера, штотуку родено, беше оставено на тротоар во Топанско Поле. Се работи за малолетничка која се правдала дека не може да се грижи за детето бидејќи немала партнер. Од министерството за труд и социјала појаснуваат дека мајката има рок од три месеци да се премисли и да си го земе детето, или тоа ќе биде дадено на посвојување.

Бебето вчера беше пронајдено од случаен минувач, по што со возило на брза помош беше пренесено во детската клиника. Бебето е навреме згрижено и е во добра состојба.

Дали мајката ќе одговара затоа што детето го оставила на тротоарот веднаш по породувањето, ќе треба да се изјасни полицијата.

 

Loading...

Shpërndaj me



Loading...