Лидерот на албанската Демократска партија(ПД), Љуљзим Баша, во комуникација со граѓаните на Фејсбук, наведува дека партијата и нејзините сојузници од обединетата опозиција, цврсто стојат на барањето за предвремени избори со преодна, техничка влада.

– За излез од кризата – предвремени избори мора да има, со преодна, техничка Влада. Македонскиот модел ќе биде гаранција за слободата на гласот, смета Баша.

Според него, освен ова барање, приоритет за опозицијата е електронското гласање со цел купопродажбата на гласови да биде што потешко остварлива, како и електронско пребројување на гласовите.

Според него овој приоритет на ПД е дел од разговорите околу изборните реформи.

– Тие се крадци на изборите. Освен преодна влада ќе сториме се за да има електронско гласање и електронско броење на гласовите. Овие три нешта се приоритетите на Демократската партија и обединетата опозиција на разговорите за изборните реформи, вели Баша.

Неодамна и лидерот на Републиканската партија и поранешен министер за одбрана Фатмир Медиу порача дека предвремени избори мора да има, како и преодна влада три месеци пред какви било избори „согласно македонскиот модел“.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...