Со инвестиции од 40,2 милиони евра Бахамите се најголем странски инвеститор во земјава, покажуваат последните податоци на Народната банка. На листата на топ три најголеми инвеститори во првиот квартал годинава се уште и Швајцарија од каде во земјава се инвестирани 29,9 милиони евра и Турција со инвестирани 16,3 милиони евра.

Но, податоците покажуваат дека од земјава има поголем одлив отколку прилив на странски капитал. Така во првиот квартал годинава во Обединетото Кралство се одлеале вкупно 137,8 милиони евра странски капитал, во Австрија 24,5 милиони евра, а во Германија 12,5 милиони евра.

Прилив на странски инвестиции по земји

Земја                                        Прилив на инвестиции

Бахами                                             40,2 милиони евра
Швајцарија                                       29,9 милиони евра
Турција                                             16,3 милиони евра
САД                                                  10,6 милиони евра
Белгија                                             7,6 милиони евра
Бермуди                                           6,1 милиони евра
Чешка                                               4,2 милиони евра
Бугарија                                           3,8 милиони евра

Одлив на странски иневстиции по земји

Земја                                        Одлив на инвестиции

Обединето кралство                         -137,8 милиони евра
Австрија                                           -24,5 милиони евра
Германија                                         -12,5 милиони евра
Косово                                              -3,3 милиони евра
Унгарија                                           -3,1 милиони евра
Полска                                              -2,9 милиони евра
Шведска                                           -2,2 милиони евра
Словачка                                          -1,8 милиони евра

Од Владата големиот одлив на странски капитал го објаснуваат со кредитите кои ги даваат домашните инвеститори на нивните фирми мајки, но и поради фактот што голем дел од фабриките на странските инвеститори кои работат во земјава испорачале производи кои сеуште не им се платени.

„Средствата кои што од нашата држава можат да се одлеат се одлеваат по две категории. Едната категорија е кога фирмите кои што се во нашата држава даваат кредит на своите мајки фирми или даваат позајмици надвор од државата. Вие имате компанија икс од били која земја, таа компанија има фирма ќерка во нашата држава и таа дава кредит на мајката фима тоа треба да се оданочи до крајот на годината и тоа е одлив, не е спорно“, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Според податоците на Народната банка на Македонија директните странски инвестиции во првиот квартал изнесуваат 29,6 милиони евра. Тоа е скоро десет пати помалку споредено со истиот период лани кога само во првиот квартал влегле странски инвестиции од 235 милиони евра. Одливот пак на странски капитал од земјава во првите три месеци годинава изнесува 178 милиони евра. Лани странските инвестиции на годишно ниво забележаа историски рекорд од над 620 милиони евра.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...