Замислете да може да земете пилула која има сензор кој може да се проголта, кој ќе врши мерења во телото и податоците безжично ќе ги испраќа до вашиот доктор, или пилула што ќе ги чувствува промените во цревата и соодветно на тоа ќе ја прилагодува дозата на лекот. Медицинските уреди кои може да се голнат го овозможуваат ова, но најголем предизвик е изворите на енергија што ги напојуваат ваквите уреди да бидат безбедни за телото. Доколку е потребно ваквите уреди да се земаат секојдневно мора да се мисли на проблемот со нивната токсичност.

Научниците од Универзитетот Карнеги Мелон успеале да направат чекор напред кон решавање на овој проблем. Тие развиле батерија која се состои од меланин, пигмент кој природно се наоѓа во кожата, косата и очите. Меланинот го штити телото од слободните радикали, но исто така може да се врзува за металните јони и да се ослободува од нив,  процес кој е од клучна важност за работата на батериите.

Научниците направиле батерии од меланин и други биоразградливи материи како манган оксид, бакар и железо. Откриле дека меленинските батерии можат да напојуваат 5-миливатен уред и до 18 часа.

Батериите што се голтаат не се нова работа, но претходните батерии не беа биоразградливи, па според тоа мораа да се исфрлат од телото. Ако се користат често, ваквите батерии можат да бидат штетни.

Научниците од Карнеги Мелон сега вршат експерименти за изработка на батерии од  други биоразградливи материјали, како што е пектинот. Следен е развој на безбедна сварлива обвивка за батериите.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...