Шампионот на Шпанија, Барселона, е казнет со симболични 300 евра од Комисијата за натпревари поради контакт со францускиот фудбалер, Антоан Гризман во текот на минатата сезона, додека го носел дресот на Атлетико Мадрид, потврди денеска тамошниот фудбалски сојуз.

Барселона во почетокот на јули, кога на Гризман му беше соопштена излезната клаузула, од 200 на 120 милиони, го официјализира претходно договорениот трансфер, но Атлетико бараше уште 80 милиони, бидејќи преговарала со напаѓачот во тек на сезоната.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...