Најдолгата мачка во светот е Баривел, која е долга 120 сантиметри. Мачката живее во Италија, и го држи рекордот за најдолга и најуникатна мачка . Името Баривел значи кловн, но всушност неговиот сопственик вели дека е многу срамежлива и многу различна од другите.

„Таа е многу посебна мачка за нас, бидејќи е малку срамежлива и кога луѓето ја гледаат сите остануваат без коментар. Таа е голем подарок за нас. Таквите мачки обично растат до четири години или до пет. Но, Баривел сега има две години и мислам дека ќе продолжи да расте. Луѓето секогаш сакаат да имаат слика со неа и сака да ја допирaат. Баривел сака многу да јаде бисквити и риба“- рече Едгар Скандура, сопственик на мачката.

Сопственикот на мачката вели дека е многу среќен што поседува толку посебна мачка. Тие дури и отвориле на мачката профил на социјалните мрежи и луѓето постојано пишуваат. Сопственикот на мачката и целото семејство се многу возбудени што нивната мачка влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Елмедина Алији

 

Loading...

Shpërndaj me