Нејзините очи гледаат во неговите. Тој со својата рака ја држи за половината и ја привлекува кон себе. Таа го допира неговото лице…Веќе следниот момент се приближувате со главите и усните им се спојуваат…

Возбудувањето во тој момент е големо за да се запрашате: Зошто јас ова воопшто го правам?

Наједноставниот одговор би бил дека тоа поттикнува убави чувства. Меѓутоа, постојат луѓе на кои ова објаснување не им е доволно добро и кои се занимаваат со проучување на анатомијата и еволуциската историја на бакнувањето. Тие се нарекуваат – филематолози.

До сега тие со сигурност не утврдиле зошто луѓето се бакнуваат и како се случил првиот бакнеж. Но, веќе имаат развиено неколку теории. Откриле и  на кој начин бакнежот влијае на нашата биологија.

Се уште ги збунува прашањето дали бакнувањето се учи или тоа е инстинктивно. Некои велат дека станува збор за научено однесување кое своите корени ги влече од нашите предци, уште во времето кога мајките најпрво ја џвакале храната, а потоа ја ставале во устата на бебињата кои немале заби.

Во прилог на ова тврдење, дека бакнувањето е научено однесување, се припишува и фактот што членовите на некои племиња воопшто не се бакнуваат.

Од друга страна, одредени експерти сметаат дека во прашање е инстинктивно однесување и во прилог на тоа го посочуваат однесувањето на животните.

Додека повеќето цицачи, како израз за наклонетост и добра волја се допираат со носот, некои повеќе ги користат усните и јазикот. Мајмуните од родот – Бонобо ја користат секоја прилика да разменат телесни течности преку усните.

Денес најприфатена теорија е онаа што тврди дека луѓето се бакнуваат за да дојдат во можност да го почувствуваат вкусот и мирисот на партнерот и да проценат дали неговиот организам е доволно добар и компатибилен со нивниот. Кога нашите лица се спојуваат, феромоните почнуваат да „разговараат“ и да разменуваат биолошки податоци за тоа дали идното потомство ќе биде доволно силно и здраво за да преживее во надворешниот свет.

Жените потсвесно преферираат мирис на маж чии гени на одделни протеини од имунолошкиот систем се поразлични од нивните. Вакво надополнување би овозможило на потомството појак имун систем и поголеми шанси за опстанок.

Она што дополнително современата наука го има утврдено е фактот дека супстанцата ендорфин, кој ашто се ослободува во нашето тело во текот на бакнувањето е 200 пати појак од морфиумот содржан во наркотиците. Веројатно од таму е чувството на „посебна состојба“ после долготрајното бакнување.

Кој би рекол дека еден таков „зачин“, е потполно легален и оти седи тука, покрај вас!

Loading...

Shpërndaj me

Loading...