Алберт Ајнштајн е најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за Еднаквост на масата и енергијата,  E = mc2

Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година „за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект.“

Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 други дела. Магазинот Тајм во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана синоним на генијалност. Па, така и неговите мисли се генијални.

„Имагинацијата е сè. Таа е преглед на она што следи во животот. Имагинацијата е многу поважна од знаењето.“
„Немам некои посебни таленти. Јас сум само многу љубопитен.“
„Човекот кој никогаш не направил грешка, никогаш не пробал нешто ново.“
„Секој маж кој вози внимателно додека ја бакнува својата девојка, едноставно не обрнува внимание на бакнежот колку што би требало.“
„Јас никогаш не размислувам за иднината – таа пристига доволно брзо.“
„Не стремете се кон успех, туку кон вредност.“
„Секоја будала може да знае по нешто. Поентата е да ги разбереш работите!“
„Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаење е искуството.“
„Прво морате да ги научите правилата на играта. Потоа треба да играте подобро од сите.“
„Интуитивниот дух е божји дар, а рационалниот дух е верен слуга. Ние создадовме општество кое го слави слугата, а го заборава божјиот дар!“
„Лудило: постојано повторување на истиот обид и очекување различни резултати.“
„Животна трагедија е она што умира во човекот додека е сè уште жив!“

Loading...

Shpërndaj me

Loading...