„Добивањето покана за членство во НАТО претставува големо и исклучително важно постигнување за сигурна иднина на нашата земја“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Според него, целосната интеграција на нашата земја, но и на регионот во НАТО овозможува безбедност, стабилност, одржлив мир, добри меѓуетнички односи, економски развој и општествена благосостојба. Ахмети ги повика сите фактори да работат заедно на заокружување на овој процес. Според лидерот на ДУИ, овие постигнувања се резултат на заедничката работа на граѓаните, политичките партии, граѓанските здруженија, академскиот свет, медиумите и меѓународните пријатели.

Shpërndaj me