Отсуството на договор за законот за јавно обвинителство и случајот „Рекет“ ја намалуваат довербата на граѓаните во институциите, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој продолжува да инсистира на закон за ветинг.

„Треба повторно да се врати довербата кај институциите за правда. ДУИ ја има токму оваа грижа, ја имам и јас лично, бидејќи работите толку многу деградирале со последните случаи. Инсистираме, но истовремено и разговараме со коалиционите партнери, но и со опозициските партии, за закон за ветинг. Се уште е на разгледување и дискутирање и од другите партии, прашање на време е кога ние очекуваме јавно сите да се изјаснат за овој закон“- Али Ахмети, претседател на ДУИ.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...