Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својата прва изјава за случајот „Рекет“, оцени дека не станува збор за сценарио и побара одговорност за сите вклучени. Ахмети инсистира случајот темелно да се истражи за вистината да излезе на површина.

Не знам колку има простор да се мисли дека има сценарио. Нашиот народ има еден израз, извонредна филозофија – алчност расипува секого. Мислам дека тука се работи за алчност. Не се работи за сценарио, според моја проценка. Ако навлеземе во овие шеми дали има сценарио тука или таму, тоа значи дека мора да се оддалечиме од целта, за да ја откриеме вистината. Тука треба да работиме упорно, вистината да излезе на површина. Кој и да е вклучен во овој скандал, треба да одговара пред правдата – изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Лидерот на ДУИ смета дека ветинг е единствениот начин за ослободување на институциите и искоренување на криминалот и корупцијата.

Ние се ангажираме за оваа филозофија, да имаме ветинг во земјава за сите институции. Да имаме транспарентност во сите домашни институции, почнувајќи од највисоките државни органи до општинските и целата оваа филозофија може да не доведе да имаме успех во борбата против криминалот, корупцијата и зголемувањето на квалитетот на животот на граѓаните, како и квалитет и вредност во образованието, културата и здравството. Ние сметаме дека со овие принципи можеме да градиме држава и понапредно општество, поразвиено и блиску до интегритетот и влезот во ЕУ -рече Али Ахмети- претседател на ДУИ.

За „Рекет“ реагираа и албанските опозициски партии. АА побара „Рекет“ да не ги засени предметите на СЈО кои се однесуваат на функционери на ДУИ. Движењето БЕСА побара Обвинителството да ги истражи сите дела на криминал и корупција, без исклучок.

Вјолца Алити

Loading...

Shpërndaj me

Loading...