И од СДСМ и од ДУИ јавно говорат дека нема криза во владината коалиција и оти нивното партнерство функционира без проблеми. Премиерот Заев ниту има намера, ниту пак размислува да си поднесе оставка, како што бара ВМРО-ДПМНЕ.

„Апсолутно, Владата, која го има на чело човекот кој го пријави овој случај, сето тоа го ставам во вода, го ставам на страна, немам намера да размислувам за ниту за оставки, ниту за предвремени избори“, рече Заев.

И лидерот на ДУИ, Ахмети со иста реторика. Иако има разлики и предрасуди од одредени партиски членови, тоа не ја загрозува коалицијата, вели тој.

„Секако, дека имаме и разлики. Секако дека има и предрасуди од некој член на нашата организација, но тоа не значи дека го загрозува партнерството и дека ќе се создаде некое незадоволство сè до непочитување на партнерството. Нема никакви проблеми кои би нè загрозувале нас коалициските партнери“, рече Ахмети.

Вчера високиот партиски функционер на ДУИ и градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, го обвини премиерот Зоран Заев дека му се јавил и побарал од него да влијае врз членови на Судскиот совет за да се смени определен судија, а откако тој тоа го одбил, Антикорупциска отворила предмет за него. Инаку, по аферата „Рекет“, ВМРО-ДПМНЕ бара оставка и предвремени избори бидејќи како што велат, Владата на Заев повеќе нема кредибилитет.

Весна Велкова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...