Невидени снимки досега во историјата на спортот доаѓаат од Маратонот одржан во Фукуока, Јапонија. Атлетичарката Реи Лида ја заврши трката со ползење откако на патеката ја скрши ногата. Таа во текот на штафетната маратонска трка се здоби со сериозна повреда, односно скршеница на ногата, но наместо да се откаже, таа продолжи околу 200 метри до целта, за да ја предаде штафетата. После трката била пренесена во болница, а од атлетиката ќе мора да паузира 4 месеци.

Loading...

Shpërndaj me