УЕФА е подготвена да го премести Еуро 2020 поради пандемијата на коронавирус. Сепак, Европската фудбалска федерација ќе бара обештетување од околу 275 милиони фунти од клубови и лиги за одложување на турнирот за една година, тврди „The Athletic“.

Токму во оваа сума УЕФА се наведува како трошоци за одложување на Европското првенство до јуни 2021 година. Ваквиот предлог се очекува да биде објавен денеска на клучниот состанок на сите заинтересирани страни.

Како што веќе беше соопштено, денеска, претставници на здруженијата членки на УЕФА, членови на Здружението на европски клубови (ЕЦА) и претставници на Меѓународната федерација на професионални фудбалски асоцијации (ФИФПро) ќе учествуваат на видео конференција на која ќе се одлучува за судбината на Евро 2020. Постои можност првенството да се одложи за декември оваа година.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...