Атлетико Мадрид триумфираше во финалето на Лига Европа со победа над Марсеј со 3:0. По грешка во одбрана, напаѓачот на Атлетико Мадрид Антонио Гризман го постигна првиот гол против своите сонародници. По паузата, истиот играч го зголеми резултатот, пред Габи да го постигне последниот гол.

„Среќен сум од ова постигнување. Денеска имавме можност да победиме и одигравме многу добро во второто полувреме. Ние сме работеле заедно шест години и имам голема доверба во играчите. И да сум дома или во хотелот, тие го прават истото“, вели Диего Симеоне, тренер на Атлетико Мадрид

„Многу сум среќен за головите и за победата. Се надевам дека ќе доживеам повеќе вакви вечери во мојата кариера. Сега да прославиме малку, затоа што потоа ќе треба да почнеме со подготовките за светското првенство“, рече Антоан Гризман, напаѓач на Атлетико Мадрид

Гризман постигна неверојатен рекорд. Напаѓачот сега е првиот француски играч кој постигна два гола во финалето на Лигата на шампионите и Лига Европа. Со 29 голови во сите натпреварувања оваа сезона, Гризман е од витално значење за сезоната на Атлетико Мадрид, пред се за второто место во Ла Лига. Инаку ова е шестата титула за Атлетико под раководството на тренерот Диего Симеоне. „Ел Чоло“ освои три национални титули и три европски. Сега Симеоне ќе има можност да се бори во август за седмата титула, на европскиот Супер куп и да го надмине Луис Арагон, легенда на Атлетико Мадрид, која исто така има шест титули.

Махир Тачи

Shpërndaj me