Пауло Дибала може да биде првата ѕвезда која ќе замине од Јувентус, а негова следна дестинација ќе биде Атлетико Мадрид.

Иднината на аргентинскиот репрезентативец може да биде шпанската „Ла лига“ откако во „Серија А“ остана под сенката на неговиот клупски колега Кристијано Роналдо.

Шпанските медиуми пишуваат дека клубот од Мадрид е подготвен да му понуди 100 милиони евра на Јувентус за трансферот на Дибала, за кого сметаат дека ќе биде добра замена за Французинот Антоан Гризман кој неодамна објави дека заминува од клубот.

Сепак, на шпанскиот клуб нема да му биде лесно во битката за играчот на Јувентус, бидејќи во игра се и минхенскиот Баерн, парискиот ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...