Веројатно нема да биде предзнак за доаѓање на некое божество, но оваа година Божиќното небо ќе биде закитено со „ѕвезда“ што паѓа.

Пресметките покажуваат дека кометата, со кодно име „46Р“, на нашето небо ќе се забележи кон крајот на декември и ќе може да се види неколку дена по ред.

Објектот е широк околу еден километар и ќе помине на безбедно растојание од нашата планета.

Кометата ќе може да се види и со голо око, но, како што велат астрономите, за тоа ќе ни биде потребно ведро време и чисто небо.

Loading...

Shpërndaj me