Астероид со изглед на човечки череп во ноемви ќе пролета во близина на Земјата. Станува збор за таканаречениот – „мртовечки халовин“, или официјално забележан како астероид 2015 TB145.

Истово небесно тело во 2015-тата година, кога за првпат беше забележано од астрономите, помина на оддалеченост од околу 480.000 километри од нашата планета, што е за 1,3 пати подалеку од растојанието до Месечината. Астероидот има пречник од 700 метри и според зборовите на експертите не претставува закана за Земјата. Како што се вели во објаснувањето, небесното тело е составено од карпи и метал и во случај да тргне кон нашата планета, тоа целосно би согорело штом ќе влезе во атмосферата.

Loading...

Shpërndaj me