Уште не донесен, од Асоцијацијата за рударство бараат предлог Законот за минерални суровини да биде одложен. Можноста за едностраното раскинување на договорот од страна на државата и одземање на концесијата ги крена на нозе бизнисмените од рударскиот сектор. Тие стравуваат дека Законот ќе овозможи државата да им стави клуч на рудниците во случај нивните газди да не бидат послушници. Од Асоцијацијата се за строги контроли, но не и за нејасни и збунувачки закони.

„Таму има параметри кои треба да се контролираат, вода, воздух, почва, се доставуваат резултати. Неисполнување на А интегрираната дозвола може да биде причина за одземање на дозволата, а не мислење. Знаете, се собрале одреден број на луѓе, конкретно, не дека се загрозила животната средина, туку не сме примиле некој на работа, не сме излегле во пресрет и тогаш може да донесат одлука за раскинување на концесијата“, рече Николајчо Николов, претседател на македонската асоцијација за рударство.

Николов вели дека каде што граѓаните и општините ќе одлучат да не се отвара рудник, таму нема да има. Но, со вакви избрзани закони, инвеститорите дополнително се бркаат од земјава. Носењето на Законот по брза постапка отвораат нови сомнежи дека властите свесно не бараат  мислење од засегнатите страни.

„Немавме прилика ова да му го кажеме на министерот за економија, затоа што по скратена постапка се носи. Дознав од медиуми дека Законот е во влада и помина исто така на брзина. Немавме шанса да направиме јавна расправа“, додава Николов.

Предлог измените на Законот за минерални суровини се: доколку  концесионер на рудник прави битна повреда на договорот како  загрозување на  здравјето и безбедноста на граѓаните државата да може веднаш да му ја одземе дозволата за работа. По неколкуте решенија за затварање на рудници на југот од земјава, од Асоцијацијата велат дека инвеститорите се обесхрабрени и сега бараат капиталот да го вложат во други земји.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...