Ланецот аптеки Зегин нудат највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар, покажаа најновите резултати на истражувањето QUDAL-QUality meDAL Health 2018/2019, Ова е трета година како Зегин се закитува  во делот на фармацијата како најдобар бренд на Македонскиот пазар.

На анкетата која била спроведена во текот на јуни и јули годинава, испитаниците биле прашани кои се тие понудувачи, производи и услуги кои им нудат апсолутно врвен квалитет, без разлика на останатите куповни фактори.

Прашањето било: Наведете го името на синџирот аптеки кој според Ваше лично искуство или искуството на Вашите најблиски нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар?

Најголем број од анкетираните одговориле на прашањето дека тоа е компанијата Зегин.

Најновото истражување на QUDAL-QUality meDAL Health 2018/2019 на македонскиот пазар е спроведено межу 1.200 испитаници, корисници на фармацевтски производи.

QUDAL истражувањето мери кој на пазарот нуди врвен квалитет – Бр. 1 во квалитетот, според мислењето и искуството на самите потрошувачи.

Loading...

Shpërndaj me