Едно лице од скопско Волково е приведено откако при претрес на неговиот дом полициски службеници пронашле марихуана.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 11.09.2019 полициски службеници на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, го привеле А.Г.(38) од с.Волково, скопско, затоа што при претрес во неговиот дом во с.Волково, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. А.Г. бил приведен во Полициската станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...