Бизнисмените наместо да го ислушаат вицепремиерот Кочо Анѓушев за најновите владини субвенции, го дочекаа со огромен број забелешки со кои секојдневно се соочуваат. Доцнење на законски решенија, олеснување на царинските постапки, доцнење со увозот на потребни репроматеријали, беа дел од проблемите за кој побараа решение од Владата.

„Спомнавте субвенционирање на секундарното призводство во земјоделието меѓутоа дали сте свесни дека суровнската база која што беше силна страна и ја извезуваме како таква веќе е уништена, што тука ќе се превземе каснат многу закони пример во сточарството законот за пасишта не овозможува планирање на долгорочни инвестиции кои се неопходни“…

„Џабе е сѐ, ние може да добиеме средства, а да не можеме да работиме. Кој нас ќе ни ја плати штетата, четири и пол месеци ние не можевме да работиме значи имавме проблем. Се повеќе и повеќе имаме администрација, а се повеќе и повеќе имаме проблеми“, велат бизнисмените.

Вицепремиерот Анѓушев, кој се најде во тесно по ваквиот пречек, призна дека имаме спора администрација, најавувајќи дека ќе ги решел и проблемите.

„Кај сите вакви проблеми што ги имате ќе организирам една канцеларија во која што ќе можете онлајн да се јавувате и да можеме да реагираме, иначе видете вие додека дојдете како што кажавте и сами кога сте дошле до мојот кабинет проблемот се решил, ама додека дојдете вие во мојот кабинет еве само тука седите сто, она што можам јас да ве убедам секој што дошол до мене и сум го ислушал сум реагирал“, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања.

И покрај тоа што бизнис заедницата укажуваше на проблемите со кој се соочуваат сепак вицепремиерот Анѓушев со апел до компаниите да аплицираат за владините мерки за подршка на инвестициите и субвенција на платите.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...