Лошите статистички бројки кои ги испорача економијата, за бизнисмените, се повеќе од очекувани. Уште пред формирањето на новата влада, Стопанската комора на северозападна Македонија била скептик дека работите ќе тргнат на добро. Долгата криза си го стори своето, вели за Алсат М  првиот човек на ова бизнис здружение.

„На нашето излагање при формирањето на власта се изјаснивме дека економскиот раст на почетокот на годината нема да има конкретни резултати. Со надеж сме дека во иднина ќе има раст кој го промовираше владата. Но, сè уште немаме таков резултат… Напорите што ги прави владата за економски раст и стабилност на економијата сè уште не се во реалноста реализирани”, рече Неби Хоџа претседател на СКСЗМ.

Но, одговорните во владата за економските прашања,  Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски и натаму се леснотија зборуваат дека владините политики даваат резултати во сите полиња освен во градежништвото. Придобивките – статистички биле невидливи бидејќи многу поголем е минусот во нискоградбата.

„Ние се решивме да не одиме по полесниот пат, туку по потешкиот пат, да се зафатиме и да го работиме тоа што треба. Има резултати и ние се ќе направиме да се интензивира растот. Јас сум оптимист дека ќе го движиме растот сега и во следниот период”, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски.

„Дали да продолжиме да спроведуваме проекти кои се штетни за граѓаните од финансиски аспект и се технички до крај неизработени и неиздржани и со тоа да генерираме трошоци што на крај ќе ги платат граѓаните, а притоа само да прикажеме некои бројки дека се гради или да застанеме да ги решиме проблемите, а потоа да ги завршиме проектите”, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

Пет дена по ред опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува владата  за остварениот минимален раст на економијата во првиот квартал од само 0,1%. Дел од експертите пак предупредија дека земјава се наоѓа пред рецесија. Ланската година заврши со нула економски раст, а  првиот квартал со  раст на БДП  од само 0,1 насто.

Иле Петревски

Shpërndaj me