Од виртуелна за две години економијата ја трансформиравме во реална. Владините мерки го придвижија економскиот раст. Бруто-домашниот производ од -1,8 проценти што го наследивме, премина во раст од 3,2 проценти во последниот квартал лани, а економијата денес се темели на индустријата. Вака вицепремиерот Кочо Анѓушев ја оцени работата на економскиот тим на владата во изминатите две години. Кажа дека главен предизвик сега ќе биде промена на образовниот систем кој може да стане ограничувачки фактор за економијата. Според него, има простор за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции, каде изминативе две години имаше најслаби резултати.

Тоа е резултат на реалната економија, тоа на долг рок е одржливо и тоа е тоа што и треба да нашата држава на долг рок, тоа е тоа што ние се обидовме како економски тим на Владата да го постигнеме и да го направиме. Тоа е суштината ако сакаме реалена долгорочна економија економски просперитет. Реалната економија е таа која го направи овој раст – изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер.

Бизнисмените, пак, иако делумно задоволни од досега сработеното, имаат забелешки до Владата за слабата реализација на стартешките инфраструктурни проекти. Побараа побрза изградба на автопатот кон Косово. Ја повикаа Владата повеќе пари да насочи кон рамномерен регионален развој за да се спречи иселувањето на младите во странство.

Мислам дека фокусот на Владата е повеќе да фокусра и да се иневстира во руралниот дел, рамномерниот регионален развој е приоритет затоа што 1 отсто од БДП е минимумот кој што треба да се инвестира во тој дел – рече Неби Хоџа, претседател на Стопанска комора на Северозападна Македонија.

Владините претставници повторија дека оваа ќе биде една од најуспешните економски години, бидејќи, како што велат, Владата има капацитет и сила да испорача таков резултат.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...