Владата нема да го плаќа долгот на винариите, туку ќе ги обештети лозарите кои со години не можат да си наплатат за предаденото грозје, тврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Викендот Министерството за земјоделсктво информираше дека долговите од околу 1,5 милиони евра на приватните винарници кон лозарите кои не можеа да го наплатат предадениот род од 2014 – 2016 година, ќе бидат покриени од државата.

Вицепремиерот Анѓушев вели дека ако овие винарии отидат во стечај нема друг начин да се обештетат лозарите освен преку директно субвенционирање од државата за да можат да продолжат да работат.

„Нема друг начин освен државата на некој начин преку програмата за директна помош или за директно субвенционирање им помогне, затоа што ако тоа не го направи овој дел од граѓаните, лозарите од тиквешкиот регион кои останале оштетено од овие постапки не ќе можат да ги продолжат своите деловни активности, односно не ќе можат наново да засадат површини, не ќе можат да ги одржуваат своите површини кои што им се веќе засадени. Во случајов станува збор за лозови насади и ние ќе го нарушиме целиот процес на нивно производство бидејќи тие повеќе години не успеале да ги земат своите средства“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Loading...

Shpërndaj me